АКО.мк ви ја честита Новата 2017 година

 

Почитувани, бидете среќни, здрави, хумани, позитивни, праведни, чесни и според мене најважно-искрени, прво кон себе, па кон другите. Секако и богати. Лага е дека парите не се важни. Многу се важни и се голем дел од среќата и здравјето на еден човек. За жал, живееме во сурово капитилистичко време, па многумина не можат  да ја добијат неопходната здравствена заштита затоа што немаат пари.  Некому пак, џабе му се сите пари на светот- едноставно со пари не може да се купи се, па ниту здравје. Да, светот е таков, неправеден и без правила. Борете се за правда, за квалитет, за добро образование, за еднакви шанси за сите. Не им верувајте на луѓе што не ве гледаат во очи кога разговарате или што не ве дослушуваат што сакате да кажете. Тие немаат интерес за проблемите или мислењето на другите. Бидете свои, бидете луѓе.

Среќна Нова 2017 година. Искрено и со почит, Емилија Лазаревска