АКО.мк дел од глобалниот собир ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО во Мадрид(фото галерија)

Во Мадрид се одржува глобалниот собир ,, Фудбал за пријателство“ во организација и под спонзорство на на руската компанија Гаспром.

На овој голем фудбалски собир посветен на фудбалот учествуваат претставници и медиуми од 211 држави во светот.

Македонската делегација е на светската мапа на овој глобален настан, претставена од 4 деца, од кои три од подмладокот на ФК Вардар.

Тројцата македонски учесници на глобалниот собир ,,Фудбал за пријателство“ во Мадрид

На медиусмката мапа е и нашиот портал АКО.мк, кои заедно со Макфакс, се единствените медиуми од Македонија на овој глобален настан .

АКО.мк е претставен од спортскиот новинарски бард, колегата Бранко Илиевски.

Бранко Илиевски и АКО.мк на глобалниот фудбалски собир во Мадрид

Фудбал за пријателство е меѓународна детска социјална програма иницирана од компанијата Гаспром во 2013 година во рамките на глобалниот проект ,,Гаспром за деца“. Тоа вклучува голем број на спортски и едукативни настани што се одржуваат во различни земји во целиот свет. Светската фудбалска легенда Франц Бекенбауер е глобален амбасадор на програмата.

Македонската делегација со фотографија на официјалниот сајт на
Football for friendship

Мисијата на програмата F4F е:

-развој на детски фудбал;
-промовирање на младински спортови и здрав начин на живот;
-поттикнување на толеранција и почит кон другите култури и етнички групи;
-промовирајќи пријателство меѓу децата од различни земји.

Северна Македонија на ,,Фудбал за пријателство“ во Мадрид


За да се постигнат овие цели, Гаспром организира бројни национални и меѓународни иницијативи за деца:

-Меѓународен детски форум;
-Меѓународен уличен фудбалски турнир;
-Меѓународен ден за фудбал и пријателство;
-Меѓународен детски прес-центар;

Децата од Македонија во светскиот фудбалски кампус во Мадрид


Главниот настан на програмата е Меѓународниот детски форум, на кој Гаспром секоја година ги поканува стотици млади играчи од најдобрите африкански, азиски, европски и јужноамерикански фудбалски клубови.

На овој настан учествуваат над 600 деца од 200 земји во светот.

АКО.мк и Бранко Илиевски се дел од овој глобален настан и ќе известуваат за настаните поврзани со него.

Медиумите од светот на ,,Фудбал за пријателство“ во Мадрид

АКО.мк и Бранко Илиевски од Мадрид