АКО…си ја познававте историјата, Ќосето немаше да ви биде херој!

 

 

Колку скапо не чини и допрва ќе не чини инвалидното образование?

Колку години ќе треба да ја санираме инвалидноста на инвалидното „знаење“ и уште поинвалидните дипломи што се делеа последниве 10 години?

Немам одговор.

Но, имам потреба да кажам нешто за патриотиве, кои од пуста „ука и наука“ што ја добиле, се најдоа сред знамиња и другарчиња кои патриотизмот го исполија со глорофикација на Ќосето. Ова веќе не влегува ниту во доменот на трагичното, ниту во доменот на комичното.

Зошто?

Многу накусо и многу просто. За да разберат патриотите.

Пред 20-тина години кога прв пат отидов во Тирана, видов руина од град, исплашен и беден народ, држава со која се уште владееше духот на Енвер Хоџа.

Денеска се вратив од Тирана, град кој со големи чекори граби кон Европа, по сите параметри. Она што најмногу ми остави впечаток е начинот на кој, овие нови генерации на албански политичари го практикуваат патриотизмот.

Еве вака.

Пред неколку години многу актуелно беше уривањето на познатата Пирамида во Тирана. Колку да се заборави периодот од Енвера. НО, народот се побуни, се спроведоа бројни анкети, имаше остри дебати. Сума-сумарум, Пирамидата останува. За денот на младината градоначалникот на Тирана вети дека Пирамидата целосно ќе се реновира и повторно ќе биде дом на младината, културата, уметноста т.е. творештвото на младите.

slia1

За оние што не знаат, а верувам маклумина се, Албанија беше извезена со бункери. Во помалите биле сместени војниците, а во големите раководните лица на војската. Нивниот број јас не го знам, ама точно знам како беа уривани, преправани, корнети… Еден таков бункер има среде Тирана, кој е преправен во музеј на жртвите. Вложена е пристојна количина на средства, а ефектот е огромен поради интересот да се види овој бункер.

slika2

За мене многу интересен беше еден детал, кој во актуелниов момент би можел да помогне.

Во една од собите на бункерот се наоѓаат предмети во кои Енвер Хоџа и неговите пулени ставале „бубачки“ и така ги прислушувале сите и секаде. Од луѓето околу нив до амбасади. Колку за пример, има една рачка од метла  за која никој не знаел дека е „кодош“. За ваша информација, тоа изгледа вака.

 

slika3

 

Но, уште поинтересен е вториот бункер, за кој во оваа прилика нема да ви пишувам.

 

slika4

 

Напомнувам, по којзнае кој пат дека историските споменици секаде се бескрајно ценети и почитувани.

Секоја зграда, како во центарот така и вон Тирана, како и во Круја, Петреле и многу други места се ценат, чуваат, обновуваат. Еве убав пример. За да се заштити стариот шадрван, цела зграда е „изместена“, ама соодветно е вклопена во просторот во центарот на Тирана.

sd

 

Сепак, имајќи го предвид фактот дека многумина од вас не често одат во Тирана ќе го посочам примерот со обновувањето на зградите во кои се сместени значајни албански институции. Ним  ни на крај памет не им падна да ги менуваат фасадите на објектите градени пред децении. Напротив, секој детал беше прегледуван, од начин на изведба, до материјал, боја….Еве ги сега зградите на кои се воодушевуваат бројни туристи, во полн сјај, обновени во ист стил и со исти бои како и првичните.

 

sd6

 

Ете така, патриоти кои го преоравте Скопје. Да бевте патриоти од Калето во Скопје ќе направевте атракција, од Марковите кули во Прилеп ќе направевте атракција. Но, кому? Албанците од ИСТОРИЈАТА пари вадат, а НЕ од новокомпонираниот КИЧ. Толку за патриотите.

За сите други.

Со една ноќна разгледница од Тирана, ве повикувам утре да го вратиме достоинството и животот во Македонија.

 

sd7

 

Да бидеме горди предци на идните горди генерации жители на Македонија.

 

проф. д-р Катерина Тодороска