Активистите ја започнаа битката за спас на Хуго од депонијата на смртта во Арачиново

Граѓанските активисти и волонтери од здруженијата за заштита на животни, се единствените кои реагираа по објавата на страшната приказна за ,,Депонијата на смртта“ која се наоѓа во близина на скопското село Арачиново. Таму подолго време живи скапуваат повеќе кучиња, кои поради прегладнетост , почнале да се јадат меѓу себе.

Љубителите на животни го зедоа Хуго, така го нарекоа, за да се обидат да го спасат од сигурна смрт.

,,Додека тишината бесчујно ги голта животите на неговите довчерашни цимери, тој од денес ја започнува борбата за нештото кое се нарекува живот! Се уште не знае, се уште мисли дека сме му непријатели и дека ќе му наштетиме…..но времето ќе му покаже дека ние сме на неговата страна!
Ако можевме да ви опишеме ќе ви опишевме, но немаме зборови за состојбата во која се наоѓа. Ќе оставиме сликите да ви раскажат цел еден живот, празен живот, живот кој боли!
Позитивен на анаплазма и срцев црв(5цм) шансите не се баш ветувачки, ама зошто па да не и пркосиме на судбината??“-се прашува Марија Јанакиевска која сака да му помогне на ова беспомошно куче.

 
Пансионот за згрижување на Хуго е 3600денари, првична терапија 4 адвокат ампули(2400), и доксицилин, ветеринар 2600 денари.

,,Ова ич нема да е лесно ниту пак кратко, а верувајте после сета мака искрено сакам да живее, сакам еднаш да осети дека животот не е само болка, дека животот може да биде и убав!“-вели Марија.


Донирајте ако сакате и можете на сметката на:
🍀”Kане Корзо Надеж” – Скопје
270-0721996201-41
Halkbank AD Skopje 
* со назнака: Хуго од депонија
Или на paypall: 🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🎈mishy1964@googlemail.com🎈

Помогнете им на Хуго и другите беспомошни кучиња од Депонијата на смртта.