Актуелно го осудува нападот врз колегата Беловски

Павле Беловски, новинар во Телма, вечерва бил физички нападнат од едно машко лице, додека се поготвувал за вклучување во живо во програмата на телевизијата. Според негови колеги, Павле бил нападнат без никаква причина и повод. Напаѓачот му нанел видливи повреди по лицето и телото.Сепак, Беловски потоа се вклучил во вестите и професионално си ја завршил работата.

Извори од телевизијата за Актуелно велат дека нападот е снимен.

Веднаш по инцидентот напаѓачот К.П. роден 1984 година од Скопје е приведен.

К.П. е приведен во полицската станица Центар за расчистување на настанот, информира МВР.

Редакцијата на Актуелно го осудува овој антицивилизациски и насилнички чин. На колегата Павле Беловски му даваме целосна поддршка. Очекуваме напаѓачот да биде соодветно казнет за сторениот чин.