Конзервативниот лидер и актуелен премиер на Велика Британија, освои историска победа на предвремените парламентарни избори. Конечно тој доби комотна предност пред лабуристите, со што уште полесно ќе го спроведе својот план за Брегзит. Овој своевиден референдум за Брегзит, му обезбеди апсолутно мнозинство во Долниот дом на британскиот Парламент, а Џонсон им...
Заменик претседателската на СДСМ Радмила Шекеринска во Брисел учествуваше на состанокот на лидери на партии од Партијата на европски социјалисти. ,,И Владата и Европската комисија го споделуваат истото мислење – Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балкан, направи круцијални, историски чекори напред и заслужи да ги започне преговорите за членство”,...
,,Се срамам“. Вака го коментираше наодот на полициската рутинска контрола, бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски. При рутинска проверка кај Џамбаски се најдени 1,5 промили алкохол.Тој сега ги очекува резултатите од крвта, а потоа ќе објави како ќе постапи. Во саботата спроти неделата во полициска контрола во Самоков, кај...
,,Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата...
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставничката на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, денеска одржаа прес конференција на која ги претставија деталите од масовната еколошка акција „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“, која ќе се одржи во сабота, на 14ти декември, со почеток од 12.00 часот. „Изминатите две недели...
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, со полициска придружба постапи по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Акцијата опфати локали, кафе барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб Џубокс во Дебар Маало.
,,Започнуваме со „И суперхероите мијат раце“ - едукативна кампања за правилно одржување хигиена на рацете која ќе се спроведува низ основните училишта во општина Центар. Целта е да се поттикнат децата, но и возрасните редовно и правилно да ги мијат рацете. Животните навики се стекнуваат од мали нозе, а наше е постојано да работиме во насока...
Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта, соопштуваат...
Според вонредниот професор д-р Ана Кочева од бугарскиот институт за јазици при БАН, ,,северномакедонците имаат линија на однесување кога станува збор за јазикот, а таканаречениот македонски јазик е норма на бугарскиот и бугарските научници го дефинираат како политички производ“. Ова таа го изјавила за news.bg по најновата хистерија на бугарските академици и нивното...
Испровоцирани од Повелбата за македонскиот јазик објавена на 3 декември од страна на Македонската академија на науки и уметности(МАНУ), Бугарската академија на науки(БАН), вчера донесе одлука дека македонскиот јазик не постои! Не е првпат бугарските академици да ја негираат реалноста на постоење и говорење на македонскиот јазик. МАНУ смета дека...

Последни вести

Избор на авторот

Во Фокусот

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com