Акција на Вардар и РСБСП: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ (видео)

 

Сообраќајната култура е важен дел од живеењето, а Вардар во пресрет на натпреврот на неделата од Лигата на шампионите против Рајн Некар ги награди оние што „возат одговорно“. Во населбата Аеродром заедно со сообраќајната полиција беше направена контрола на одреден број возила. Оние што ги почитуваа сообраќајните правила си добија билет за мечот во сабота.

Капитенот Стојанче Стоилов, заедно со Даинис Криштопанс, беа во улога на асистенти на сообраќајната полиција. Беа контролирани одреден број на учесници во сообраќајот.
Оние што не ги користеа безбедносните ремени во возилата добија предупредување, а оние што се придржуваа до сите сообраќајни правила беа наградени со билет.

Средбата Вардар – Рајн Некар е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите. Дуелот е закажан за во сабота, 6 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“, соопшти РК Вардар.