Акција на германските командоси во бегалски центар во Берлин

Утрината по 8 часот, германските специјални сили влегле во хангарот на бившиот аеродром Темпелхоф во јужен Берлин, јавуваат германските медиуми. Темпелхоф инаку се користи како бегалски центар.

Како што јавува германската агенција ДПА, 250 полицајци учествувале во оваа операција. „Полицијата испрашувала четворица мажи во доцните дваесети години, но никој не е уапсен“, изјави Саша Лангебах, портпарол на Канцеларијата за бегалци во Берлин.

Потсетуваме, синоќа во Берлин, камион влета на божиќен панаѓур и притоа 12 лица настрадаа, а 48 се повредени.

Зад воланот бил мигрант од Pакистан или Авганистан, кој на почетокот на годината илегално ја поминал мигрантската рута преку Балканот и дошол во Гераманија.

Камионот е во сопственост на полска компанија, а возачот претходно бил киднапиран од мигрантите што го извршија нападот во Берлин.