Поради основи за сомнение за кривично дело криумчарње на акцизна стока и царинска измама управата за финансиска полиција во координација со министертвото за внатрешни работи спроведува акции за проверки на истото информираа од управата, јави Канал 5.

Според неофицијалните информации, станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

По големата полициска акција што се спроведува од утрово во селото Љуботен, селаните револтирани го изнесоа тутунот од складиштата и почнаа да протестираат.

Акцијата е во тек, а на терен има и припадници на МВР кои се повикани за асистенција.