Албанец што се прави дека е Британец и го одзеде микрофонот на англиската претставничка на Евровизија

Mомчето кое упадна на евровизиската сцена и ѝ го одзеде на момент микрофонот на британската претставничка додека пееше, на инстаграм постави фотографии од настанот и се претстави дека е ,,Албанец што се прави дека е Британец“.

 

Станува збор за самопрогласен активист за слобода на медиумите и писател на неколку електронски книги . На неговата маичка што ја носеше за време на ,,настанот“, пишува ,,Дело на британската државна мафија“.

 

Тој се фали дека ова не му е првпат да направи ваков инцидент и дека често знае да го промени текот на некои тв шоуа и емисии.

По скандалот, организаторите на Евровизија и понудија на англиската пеачка да го повтори својот настап, но таа одби.