Албанската дијаспора подготвувала напади и преземање на српски дипломатски претставништва

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ утрината во интервју за РТС изјави дека информациите за подготовки на албанската дијаспора да преземат повеќе српски дипломатски претставништва во светот ги добиле од пријателски западни разузнавачки служби.

“Оваа информација пристигна од една голема земја и од нејзините разузнавачко-безбедносни служби. Добивме податоци на луѓе со име и презиме од албанската дијаспора со кого и каде разговарале. Тие планирале во кои земји е возможно да се преземат наши дипломатско конзуларни претставништва за да се изврши притисок да се откажеме од потерницата за Рамуш Харадинај,,- изјави Дачиќ.

Според него сите овие податоци ги имаат повеќе западни земји.

Рамуш Харадинај е во екстрадициски притвор во Франција откако пред неколку дена беше уапсен по потерница за воени злосторства издадена од Србија.