Албанскиот бизнисмен Самир Мане најави изградба на мини-град на местото на Скопски саем

Еден од најбогатите бизнисмени од Албанија, Самир Мане, вчера во емисија на ТВ Клан, најави дека во мај ќе започне изградбата на инвестициски комплекс на местото на стариот Скопски саем, вреден 300 милиони евра.

Тој минатата година   го купи банкротираниот Скопски саем.

Големиот комплекс со станбени и деловни згради ќе се протега на површина од 155.000 метри квадратни, соопшти компанијата „Скопје Ист гејт“ минатата есен,  чиј мнозински акционер „Балфин груп“ го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Уривањето на Скопски саем ќе почне во мај.

„Балфин груп“ неодамна го откупи имотот на банкротираниот Скопски саем од банките доверители за 21 милион евра.

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.