Александар Вучиќ со Александар Лукашенко

Српскиот премиер Александар Вучиќ е во официјална посета на Минск, Белорусија каде денеска се сретна со долгогодишниот претседател на оваа земја Александар Лукашенко.

Ќе направиме се за Србија, изјавил по средбата Лукашенко.

Потсетувајќи дека Белорусија никогаш не ги прекинала односите со Србија, Лукашенко порачал дека тоа ќе биде принцип и во иднина и дека ќе продолжат да ја подржуваат Србија за Косово.

Српскиот премиер претходно информираше дека разговараат за купување на воени авиони и оружје од Белорусија.