Плејмејкерот Александар Костоски донел одлука повеќе да не настапува за кошаркарската репрезентација на Македонија.

Костоски има 30 години, подолго време размислувал на оваа тема и донел одлука да с еповлече од настапите за националниот тим. Костоски нема да настапи против Романија а тоа го потврди и селекторот Јорданчо Давитков.

„Се обидов да го убедам да го одигра барем уште претстојниот дуел со Романија, но не успеав во тоа. Тој од лични причини нема повеќе да игра за националниот тим, во минатото секогаш одговарал на сите покани и давал сѐ од себе во националниот дреси мислам дека треба да го почитуваме неговиот став“ – изјави Давитков.