Александер Ван дер Бален нов Претседател на Австрија

 

Независниот кандидат 72 годишниот Александер Ван дер Белен, кој беше поддржан од Партијата на зелените победи на претседателските избори во Австрија. Кандидатот на партијата на слободата на Австрија, крајна десница,45 годишниот Норберт Хофер го призна поразот по денешното гласање, откако првичните проценки покажаа дека Ван дер Белен освоил околу 54 отсто од гласовите.

Со ова заврши бурната претседателска трка во Австрија во која двете крајно спротиставени и различни опции понудија  спротивставени визии за иднината на земјата.

Со евентуалната победа на Хофер, тој ќе станеше првиот крајно десничарски шеф на држава од ЕУ. Воздухопловниот инженер Хофер ветуваше дека ќе ја стави „Австрија на прво место“ со воведување строги гранични контроли и забрана за муслиманките да носат бурки кои ги покриваат целото лице во јавност. За него исламот нема место во Австрија, а се закануваше дека ќе ја распушти владата ако не заземе поцврст став кон мигрантите од Блискиот Исток.

Ван дер Бален ја поддржува ЕУ и се залага за полиберална мигрантска политика.  ЕУ ја поздрави неговата победа и оцени дека таа го зацврстува европското единство во време на многу предизвици.