Алексовски најави дека во третиот мандат ќе гради тротоари во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предвдена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, синоќа оствари средби со жителите на село Градец, населбите Грамаѓе и Белево, каде одржа и мини-митинг, најавувајќи го проектот за изградба на тротоари од влезот до излезот на градот.

Во мојата програма имаме предвидено уредување на тротоарски површини од клучката на главната улица со магистралниот пат А2, на влезот во градот, се до Мотел Македонија. За ова е изработен изведбен проект и добиена е дозвола за градба, останува само да бидат обезбедени финансии за реализација, рече Алексовски.

Според него, овој проект и останатите кои ги ветуваат со програмата „Новата ера почнува“ се реални и се за општо добро на сите граѓани на општина Крива Паланка.