Алепо во рацете на сириската војска

Амбасадорот на Русија во ОН Виталиј Чуркин објави дека во сирискиот град Алепо се завршени сите воени операции, а сириската војска ја презела целосната контрола над градот кој неколку години беше во рацете на бунтовниците и џихадистите.

 

Чуркин ја отфрла можноста за некакво примирје или специјални хуманитирни операции бедејќи се очекува сириската држава целосно да ја преземе контролата и да воспостави ред.

Претходно рускиот амбасадор изјави дека е постигнат договор за коридор преку кој бунтовниците ќе го напуштат градот.

Тој ги демантираше наводите дека во текот на операциите се кршени меѓународните права.

Коридорот се однесува за оние кои биле борци, а цивилите треба да изберат што ќе прават, дали ќе останат или ќе побараат други побезбедни места или ќе ги искористат хуманитарните аранжмани кои се во тек

ОН пак, од своја страна преку своите набљудувачи соопшти дека се забележани кршења на сите меѓународни стандарди во вакви ситуации. Тие тврдат дека провладините сили влегуваат по куќи и го чистат градот и од цивили и од бунтовници.