Али Ахмети заради здравствени причини ја одложил средбата со Рама

Вистинската причина за одложувањето на посетата на претседателот на ДУИ Али Ахмети на Тирана е здравствен проблем, а не набиена агенда, како што беше објавено-пишува FAKTE.Net, а пренесува Shigjeta.net.

Според информациите до кои дошле Факти еден ден пред планираната посета, во вторник, Ахмети, имал сериозни здравствени проблеми кои биле акутни и заради кои било потребно одложување на посетата во Тирана.

Инаку, посетата и средбата со албанскиот премиер Еди Рама се одржа еден ден подоцна од планираното. На средбата Ахмети вети посветеност кон спроведувањето на веќе договореното. Во текстот не се прецизира што е договорено.