Али Ахмети: На Македонија и е потребен консензуален Претседател

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција најави дека пред претседателските избори, кои треба да се одржат во 2019 година, ќе ја отвори повторно темата за заеднички, консензуален Претседател на државата. Тој рече дека тоа што досега ова го спомнувал, не значи дека разговарал со својот коалиционен партнер во Владата, премиерот Зоран Заев, но дека секако ќе побара да се разговара за ова прашање.

,,На Македонија и е потребен консензуален Претседател. Примерот со актуелниот Претседател го потврди тоа и секако бевме во право што не го подржавме господинот Иванов“-рече Ахмети.

Ахмети најави дека ќе има одредени поместувања во пратеничките состави во Парламентот, но не прецизираше дали тоа значи дека нивната пратеничка група ќе се зголеми.

Тој го критикуваше коалицирањето на останатите партии на Албанците пред вториот круг локални избори и праша зошто тоа не го направиле пред првиот круг.

АКО.мк