Али Ахмети нема идеја за излез од политичката криза

Секоја нова изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети е полоша и побезнадежна од претходната. Очигледно дека Ахмети не знае како или пак не сака да најде излез или да помогне да се најде излез од тешката политичка криза во која ја доведе државата со носењето на Плтаформата. Пред десетина дена свика претседателство за да разговараат за излегување на нивните министри од владата во која коалицираат со ВМРО ДПМНЕ, сега вели дека не гледа што би постигнале со тоа.

По кратката средба со централното претседателство во Мала Речица тој дека не гледа светло на крајот од тунелот.

– Максимално се трудиме да ја решиме кризата, но не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата – рече Ахмети.

Во врска со  односот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кон останатите партии, тој рече дека заканувања и уцени нема да ја решат кризата. Ахмети побара намалување на  острата реторика и разумен компромис.