Али Ахмети: Нормално е да разговарам со Груевски, 10 години сме коалициски партнери

Али Ахмети продолжува со изјавите топло-студено. Тој по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан на прашања на новинарите не кажа ништо конкретно до каде се преговорите за нова Влада. Разговараме и со СДСМ и со ВМРО ДПМНЕ, рече Ахмети.

Тој смета дека е нормално се уште да преговара и со Груевски и покрај тоа што ВМРО ДПМНЕ во нивните соопштенија ги демантираа изјавите на ДУИ дека преговорите пропаднале само   само заради СЈО. Десет години бевме колициски партнери, вели Ахмети.

Тој бара потврда од Заев дека ќе ја прифатат нивната национална Платформа, па потоа дури може да разговараат за коалиција.

Ахмети ги оцени разговорите со Хан како добри, а нивните ставови за излез од политичката криза идентични.