АлЏезира: Во Шпанија старските домови претворени во масовни гробници, наскоро вакцина за КОВИД 19 во САД(видео)

АлЏезира Блаканс, во својата емисија Контекст, вчера објави два мошне интересни разговори со нивните гости Никола Ивица, молекуларен биолог од Србија кој работи и живее во Бостон и Марко Павловиќ, продуцент и новинар кој живее во Мадрид.

Во емисијата што ја водеше новинарката Ивана Момчиловиќ Одобашиќ, зборуваа за состојбата со КОВИД 19 во светот.

Научникот Никола Ивица раскажа каква е ситуацијата во САД и до каде се истражувањата за нова вакцина за КОВИД 19.

Тој даде надеж дека научниците во институтите во Бостон работат интензивно и дека има добри можности да се пронајде потребната вакцина.

Телевизискиот продуцент и новинар од Мадрид , Марко Павловиќ,пренесе застрашувачки вести.

Во Шпанија се случува хуманитарна катастрофа.

Во неколку домови за стари лица се пронајдени мртви штитеници.

Тие се оставени сами на себе и масовно умираат загтворени во старските домови.

Војска ги изнесува нивните тела, а салата за лизгање на мраз во Мадрид е претворена во хангар за ковчези. Таму се складираат и чекаат ред за кремирање.

Ви ја пренесуваме емисијата Контект на АлЏезира Балканс. balkans.aljazeera.net/video/molekularni-biolog-iz-srbije-u-bostonu-velika-sansa-da-vakcina-bude-efikasna

Извор:
balkans.aljazeera

Foto>
REUTERS