Амбасадата на Белорусија во Белград и Почесниот конзулат во Скопје го обвинија Милошоски за изнесување лажни вести

Амбасадата на Белорусија во Белград, испрати допис до медиумите во кој го обвинува Антонио Милошски за изнесување лажни вести.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, на седница за пратенички прашања јавно го праша премиерот Зоран Заев во врска со пишувањата дека наводно бизнисмен од Битола кој во првите три месеци од годината добил тендер за РЕК Битола бил рекетиран од функционер на власта кој му побарал 250.000 евра во кеш.

Милошоски тврдеше дека за да се заштити од ваквото барање, бизнисменот од Битола искористил лични контакти со амбасадата на Белорусија во Белград .

– Дали изминатиов период на било кој начин во вашиот кабинет, или во вашата Влада, имало ургенции, контакти од страна на амбасадорот на Белорусија во Белград? – праша Милошоски.

Пратеникот на СДСМ, КОстадин Костадинов, кој го објави дописот од белоруската Амбасада, вели:

,,Потврда за лажните вести пласирани од Антонио Милишоски од страна и на почесниот конзулат на Република Белорусија.

После ова доколку има грам морална и етичка одговорност, Милошоски треба веднаш да си поднесе оставка.

ДПМНЕ е синоним за лажни вести !
Ова е вистината за Мицкоски и ДПМНЕ“-напиша Костадинов.