Амбасадата на САД во Тирана е разочарана од реториката на Еди Рама

Амбасадата на САД во Тирана, изрази разочараност од изјавите на премиерот Еди Рама, кои се однесуваат на можноста Албанија и Косово во иднина да имаат заедничка надворешна политика и претседател.

,,Тоа е реторика од минатите времиња и треба да се заборави“…напиша на својот Твитер налог Амбасадата на САД во Тирана.

“Американската амбасада е разочарана од изјавите на премиерот Еди Рама, за Албанија и Косово…Реториката од минатото треба да се избегнува бидејќи и штети на Албанија во односите со соседите“, реагираат американските дипломати во Тирана.

Оваа реакција следува само неколку денови по изјавата на Рама на свеченоста по повод десетгодишнината од независноста на Косово, во Приштина.