Амбасада на Германија: Споредбата на Мицкоски со ,,Нирнбершките процеси“ е неприфатлива и опасна

Амбасадата на СР Германија во Македонија, реагира со соопштение на несреќната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека судските случаи водени против членови и поранешни функционери на неговата партија се ,,Нирнбершки процеси“.

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, се вели во соопптението.

Со оваа споредба се минимизираат делата на наци-злосторниците, смета германската амбасада.

,,Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи”, се наведува во посмената реакција на германската Амбасада.

Претходна за изјавата на Мицкоски реагираше и амбасадата на САД во Македонија.