Амбасада на САД: Се случуваат грешки, но САД имаат длабока почит кон македонската историја

По извинувањето на Тамара за погрешно испеаната химна на вчерашната прослава на националниот ден на САД, од американската Амбасада во Скопје изразија уверување дека се работи за грешка.

,,САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за прославата на нашата независност со нас минатата ноќ. Разбираме дека ненамерно да се случат грешки во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“-стои во изјавата на Амбасада на САД во Македонија.