Амбасадорот на САД во Естонија поднесе оставка затоа што е разочаран од Трамп

 Американскиот амбасадор во Естонија, Џејмс Мелвил, поднесе оставка бидејќи, како што рече, е разочаран од коментарите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Европската Унија и неговиот однос со европските сојузници на Вашингтон.
– Кога претседателот вели дека ЕУ е „создадена за да ги користат САД“, да ја напаѓа нашата заштеда, или дека „НАТО е лош како НАФТА-договорот”, тоа фактички  за мене е доказ дека е време да си одам, напиша амбасадорот Џејмс Мелвил на Фејсбук.
Тој вели и дека, откако тој бил во служба под мандати на шест претседатели и 11 државни секретари на САД, никогаш не помислил дека ќе дојде до оваа точка.