Американската ДЕА отвори канцеларија во Хрватска

Американската полициско-разузнавачка служба за сузбивање и борба против криумчарење дрога DEA , отвори свои канцеларии во Загреб, кои се наоѓаат во американската амбасада во Хрватска.

ДЕА вработува 12.000 луѓе во 70 земји од светот, каде што таа делува, а е во рамки на американското министерство за правда.

Американските агенти ќе делуваат заедно со хрватските, а личното вооружување ќе го носат во составот на американската амбасада, додека на хрватските улици нема да делуваат во акција. Тие само ќе ги доставуваат потребните информации до хрватските служби.

ДЕА ќе ги опслужува и службите во Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, бидејќи овие земји се доминантно на балканската рута на шверц на наркотици низ која годишно поминува дрога во вредност од 21 милијарди долари.