Полицијата од Литл Рок во Арканзас, по бројните критики и прозивки, ја објави снимката од инцидентот, кога полицаец застрела возач кој не сакал да излезе од украденото возило. Осомничениот Бредли Блекшир одбил да ги послуша полициските наредби почнал да вози кон полицаецот, делумно удирајќи го и зафаќајќи го со делот од возилото.