Откако познатата Овална соба ја ,,позлати,, , ги смени теписите, го ,,врати,, Винстон Черчил и го закачи портретот на Роналд Реган, во Америка не престануваат реакциите за новите потези на претседателот Доналд Трамп. Бројни се фотомонтажите кои се појавуваат на интернет порталите и на социјалните мрежи, а кои ја иронизираат мисијата за трампоизација на Белата куќа.

(фотомонтажи кои ги преплавија американските портали и социјалните мрежи)

 

Новиот американски претседател Доналд Трамп првиот ден од функцијата го искористи да го преуреди Овалниот кабинет во златна боја, иако во таа просторија помина само неколку минути.

 

Тој ги отстранил црвените завеси на прозорците и ставил златни, а го сменил и тепихот.

Рачно ткаениот тепих Мартин Лутер Кинг на Обама го заменил со златен на Роналд Реган.

Новиот шеф на државата ја вратил и бистата на Винстон Черчил, која претходно Обама ја однесе во својата приватна резиденција.

Но, она што ги загрижува политичките кругови е неговата најава дека ќе гради ракетни системи, насочени кон Иран и Северна Кореја. И овој негов потег наиде на критика, а еве како некои гледаат на таа најава:

Трамп вчера стапи на должност, а веќе донесе низа одлуки и спроведе разни промени во Белата куќа, што направи простор за многу критики и исмевање, но и загриженост како во Америка , така и низ светот. Неговите поддржувачи од друга страна сметаат дека се неминовни темелни реформи и на американската држава, но и на нејзината надворешна и внатрешна политика.

АКО.мк