Американска помош од 600.000 долари за справување со КОВИД 19 за С. Македонија

Денеска на видеоконференција, меѓу американската амбасадорка Кејт Брнс, претставникот на СЗО во нашата земја и министерот за здравство, Венко Филипче, беше објавено дека САД преку грантот на УСАИД во висина од 10 милиони американски долари за Светската здравствена организација (СЗО), издвоила 600.000 американски долари за поддршка на С. Македониј вио справување со КОВИД 19.

,, Овој грант е дел од поддршката на Соединетите Држави за Северна Македонија и се заснова на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две држави“-изјави американската амбасадорка во нашата земја.