,,Американска фабрика“ го доби Оскарот за најдобар документарен филм

Филмот ,,American factory“ на режисерите Стивен Богнарт и Џулија и Џеф Рајхарт, ја доби статуетката Оскар за најдобар документарен филм.

Во оваа категорија беше и македонскиот филм ,,Медена земја“, како еден од петте номинирани.

Во пост-индустрискиот Охајо, кинески милијардер отвора фабрика во напуштената фабрика на „ Џенерал моторс“, вработувајќи две илјади Американци. Раните денови на надеж и оптимизам отстапуваат како резултат на неуспехот во судирите меѓу високо-технолошката Кина со работничката класа на Америка.

Ова е кусата содржина на филмот што освои Оскар на кој се надеваше екипата на ,,Медена земја“.

,,Американска фабрика“ е дело на продукциската куќа на Мишел и Барак Обама.