Американскиот актер Ник Кордеро почина од Ковид 19

41 годишниот американски бродвејски актер, Ник Кордеро, почина од последици на корона вирусот.

Неговата сопруга објави на социјалните мрежи дека Ник починал по тримесечна борба со вирусот.

Тој уште во март бил примиен со компликации на белите дробови во болница во Њујорк. Бил лекуван со погрешна терапија, па состојбата му се искомплицирала, по што добил згрутчување на крвта. Едната нога морало да му биде ампутирана.

Кордеро беше познат глумец на бродвејските штици што живот значат. Играл бројни улоги за кои бил номиниран за најголемите театарски награди.

Со неговата сопруга Аманда Клотс имаат едногодишен син.