Новиот американски амбасадор во Србија, Ентони Годфри, ја воодушеви српската јавност со видеото објавено на Твитер налогот на Американската амбасада во таа земја..

Само еден месец откако ја презеде должноста, тој им покажа на Србите дека одлично зборува српски јазик, сака да се напие чашка ракија, но и дека ужива во српската традиционална храна. Новиот амбасадор покажува невообичаени манири за дипломат, кои се многу добро прифатени во Србија.

Američka ambasada@USEmbassySerbia

Srbijo hvala na toplom dočeku @USAmbSerbia! Jedva čekamo da te upoznamo.

Фото: Ентони Годфри во српска црква ја почитува традицијата