Американскиот сенат го одобри приемот на Црна Гора во НАТО

Со двотретинско мнозинство американскиот Сенат го ратификуваше протоколот за пристап на Црна Гора кон НАТО. Сега овој документ треба да го потпише Претседателот Доналд Трамп.

Деведесет и седум сенатори гласаа ЗА, а само двајца против. Откако Трамп ќе го потпише документот, тој ќе стане закон.

Сенаторот Џон Меккејн рече дека Русија неодамна се обиде да изврши државен удар во Црна Гора.

 

,,Тоа е мала земја , но од велико стратешко значење. Таа ги исполни сите потребни услови“-рече овој сенатор.

Црна Гора наскоро треба да стане рамноправна членка на НАТО сојузот.