Американски адмирал е пронајден мртов во својот стан во Бахреин

Американскиот вицеадмирал, Скот Стерни, е пронајден мртов во својата резиденција во Бахреин, соопшти командата на Морнарицата на САД.

Стерни беше задолжен за надгледување на американските морнарички сили на Блиски исток.

Според Си-Ен-ЕН, не постојат индиции дека смртта кај адмиралот настапила насилно.

Стерни беше командант на Петтата американска флота стационирана во Бахреин.

Тој 20 години служеше во морнарицата , а порано бил пилот на борбен авион.