Американски милијардер загина при пад на приватен хеликоптер на Бахами

 Хеликоптер во кој се наоѓале 7 патници, 4 жени и тројца мажи, се урна блиску до Големото острово на Бахамите , соопшти локалната полиција. Сите патници во хеликоптерот се загинати.

Тие се превезувале кон Форт Лодердејл на Флорида.

Весникот “Регистaр-Хералд” oд Бекли, Западна Вирџинија, ја цитираше изјавата на гувернерот Џим Стјуастија дека еден од загинатите во несреќата е Крис Клајн, кого весникот го опишува како ,,милијардер и рударски претприемач”, ,,јагленски магнат” и ,,добродетел во Западна Вирџинија. “

Гувернерот Џим Стјуастија напиша:


,,  Денес изгубивме суперѕвезда во бизнисот со руда и изгубив многу близок пријател. Крис Клајн изгради империја и во секоја пригода беше подготвен да даде сѐ од себе за неа. Колку прекрасен, љубезен и дарежлив човек“.


Chris Cline (Andrew Harrer/Bloomberg)

Сѐ уште не се познати приќините за оваа трагедија.