Америка врз Авганистан ја исфрли најголемата бомба досега(видео)

Американската војска ја исфрли во Авганистан најголемата  бомба позната како ,,мајка на сите бомби“, а  не е нуклеарна-потврди Пентагон.

Бомбата тешка 9 и пол тони е фрлена рано утрината во провинцијата Нандахар на истокот на Авганистан.

 

T

Американските медиуми наведуваат дека цел на оваа бомба со огромна разорна моќ биле борците на ИСИЛ.

Бомбата може да пробие 60 метри дебел зајакнат бетон, па затоа е погодна за напад врз пештери и тунели. Со својата моќ може да уништи дрвја во радиус од 152 метри.