Америка ги предупреди своите граѓани да ја избегнуваат зградата на Влада на РМ

Пред повеќе од еден час Американската амбасада во Скопје и Стејт Департментот издадоа итно предупредување до американските граѓани во Македонија да ја избегнуваат владината зграда и нејзината околина.
Во предупредувањето се вели:
,,Итна порака за граѓаните на САД во Македонија:

Избегнувајте ја владината зграда на Булеварот Илинден.

Амбасадата на УСА во Скопје, Македонија,  ги предупредува сите граѓани на САД да ја избегнуваат близината на владината зграда на булеварот Илинден.
Македонското Министерство за внатрешни работи ја предупреди Амбасадата за можност од безбедносни инциденти во оваа област”-се вели во кусата порака од Стејт Департментот, одел за конзуларни работи, преку Амбасада на УСА во Македонија објавена на официјалната ФБ страница.
АКО.мк