Америка протера 35 руски дипломати

Заради сајбер нападот во текот на изборите во САД кога беа хакирани десетици илјади мејлови на изборниот тим на Хилари Клинтон, администрацијата на претседателот Барак Обама протера 35 руски дипломати.

Како што јавува Би Би Си, ова не е целиот одговор на САД кон Русија.

Стејт Департментот им дал 72 часа на дипломатите да ја напуштат Америка.

Затворени се два руски објекта во Њујорк и Мериленд во кои руските разузнувачи одржувале состаноци.

Покрај протерувањето, највени се и санкции кон руските разузнувачки служби, наведува Њујорк Тајмс.

Овој потег на Обама следува по сознанијата и обвинувањата на Вашингтон дека Москва директно се мешала и влијаела на изборните резултати на неодамна одржаните претседателски избори.

Се очекува одговорот на Русија, кој во никој случај нема да биде помалку драстичен во однос на американскиот.