АМС: Еден милион денари за Бесир Алили и неговиот тренер

Освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Италија на македонскиот борач, Бесир Алили во кадетска конкуренција до 48 килограми му донесе премија од 800 000 денари а за неговиот тренер од 200 000 денари.

Ова го соопшти денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на приемот организиран во чест на најновото спортско достигнување на Алили.

„Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава.“ – изјави Каевски.