Ана Ивановиќ ја заврши тениската кариера

Српската тенисерка Ана Ивановиќ на својот  Фејсбук профил објави дека се повлекува од тенисот. Таа реќе дека не може да го даде својот максимум на теренот, па затоа е време да продолжи понатаму, но не на тениските терени.

“Одлучив  да се повлечам од  професионалниот тенис. Ова беше тешка одлука, но има многу работи за славење, а заради бројните повреди не сум во состојба да се занимавам повеќе со тенис. Тенисот е моја љубов и ќе бидам амбасадор на овој спорт,,-рече Ивановиќ.

Ана Ивановиќ идната година полни 30 години, а долго време најдобро рангирана српска тенисерка, топ 10 и еднаш беше и прва на АТП листата.

Во својата кариера освои 15 турнири и еден гренд-слем Ролан Гарос во 2008 година.

Од 12 јули оваа година стапи во брак со фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бастијан Швајнштајгер.