Ангеловска: Сакам да бидам предводник на промени во земја во која ја планирам својата иднина

Идната Министерка за финансии, Нина Ангеловска , по објавувањето дека ќе биде предложена за оваа функција од страна на премиерот Зоран Заев, се заблагодари на својот ФБ профил.

Таа вели дека понудата ја гледа како шанса да биде предводник на промени во земјата во која ја планира и својата иднина.

-По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.
Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување.
Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните, напиша Ангеловска.С

Нина Ангеловска е млада и успешнаа претприемничка со сопствен бизнис, а со нејзиниот ,,Групер“, стекна меѓународна репутација.

Беше рангирана меѓу 30 најуспешни млади претприемачи во Југоисточна Европа од страна на Форбс.