Ангеловски го објави списокот, можеме да се надигруваме со Полска и Австрија

Игор Ангеловски го објави списокот за следните два меча во Скопје кога ни гостуваат Полска и Австрија на 7 и 10 јуни, квалификации за ЕП 2020 година.

Ангеловски на листата ги има Адеми и Радевски, иако е повреден на ростерот се наоѓа и Алиоски. Останатите се стандардните од претходните два меча против Летонија и Словенија.