Ангеловски: Заслуживме пораз, потфрливме против Австрија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, изјави дека поразод од Австрија е реален исход на настаните на средбата.

Ангеловски потенцира дека сме потфрлиле во дуел играта и не сме можеле да одговриме во овој сегмент на натпреварот.

Мислам дека вечерва потфрливме во дуел играта. Јас реков пред натпреварот дека мора да им парираме, и тука не бевме како што треба.

Последните денови загубивме од две поквалитетни репрезентации. Ако оној со Полска беше несреќен пораз, овој е сосема заслужен, и мислам дека последните натпревари ќе се обидеме да го надополниме она што го испуштивме на домашен терен. Секогаш селекторот е одговорен за слабите резултати, па така ја превземам одговорноста и изјави Ангеловски.