Андонов и Чавков ја обвинија Јанева за подривање на безбедноста

Неподготвена, арогантна, нестручна-со овие квалификација на прес конференција пред МВР излегоа Оливер Андонов и Митко Чавков, веднаш по изјавата на Специјалната обвинителка Катица Јанева која кажа дека истрагата во УБК тапка во место.

Андонов рече дека таа направила смислен политички циркус во МВР заедно со Министерот Оливер Спасовски, кој го ословуваше со Генерален секретар на СДСМ.

Митко Чавков рече дека дошол да го штити правниот поредок бидејќи првпат во неговата професионална кариера се случува за спроведување на судска наредба Министер за внатрешни работи да формира комисија.

Тој ја повика Јанева да си обезбеди стручни лица за добивање на посебните материјали што ги бара и а ја обвини дека со нејзиното однесување постои опасност да го урниса безбедносниот систем затоа што од 2015-та година до денес има посебни истражни мерки против лица кои може да се откријат или прекинат ако се пристапи кон вадење на други податоци коио ги бара таа. Тоа што го бара Јанева , рече Чавков кој, сега е директор на Биро за јавна безбедност е преседан во безбедносниот систем.

Чавков покажа фотографии и се пожали дека неуниформирани лица ангажирани од Министерот за внатрешни работи биле распоредени околу МВР со наредба ако треба и да ги уапсат.

Митко Чавков најави дека во просториите на УБК останува и Директорот на овој оддел, кој иако беше присутен не даде изјава.