Андреацоли нов тренер на Џенова и Пандев

Џенова го наименува Аурелио Андреацоли за нов тренер на екипата во новата сезона.

Џенова обезбеди опстанок во последните две кола во Серија А, екипата на Емполи испадна, Андреацоли реши да ја напушти и да ја замени со Џенова.

Горан Пандев ќе има нов тренер во новата сезона во која Џенова ќе бара шанса за подобар пласман.