,,Животните немаат мир ниту на улица ниту во дивина, насилството врз животните е карактеристика на Македонија во секој сегмент. Ви проследуваме фотографија од извесен Јашко Садиков https://www.facebook.com/photo.php?fbid=652757925123725&set=a.114003222332534&type=3&theater кој јавно на фејсбук се сликал со убиено мече и се фали со отстрелот и смртта на младо и со закон строго заштитено диво животно. Лицето застрелало мече, кое – по фотографијата е очигледно- не е ни постаро од 3,4 месеци.
Бараме итна интервенција од службите – МВР,  Ловниот инспекторат  и АХВ согласно повеќе закони (Кривичен Законик, Закон за ловство, Закон за заштита и благосостојба на животните)  и најстрога казна – казна затвор за сторителот!“-се вели во реакцијата на Анима Мунди, здружение за заштита на животни.