Здружението за заштита на животни, Анима Мунди, објави дека го знае сторителот на гнасиниот чин на претепување и палење на бездомно куче во селото Стојаково.


,,Стојаково, Богданци. 2019, нема крај за монструозноста врз животните во Македонија! Информираме дека го пријавивме случајот, полиција е на лице место и воедно согласно податоците кои ги обезбедивме знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“-напиша Анима Мунди на ФБ страницата.

Ова е вознемирувачката фотографија од запаленото куче:

Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, го осуди овој грозоморен чин:

,,Г о осудувам грозоморниот чин на запалувањето куче и како градоначалник на општина Богданци, но и како граѓанин, а надлежните органи да преземат мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите и најстрого да бидат казнети.
Сакам да потсетам дека општина Богданци јасно го поддржува законот за хумано третирање и благосостојба на животните и во таа насока како општина, која припаѓа на Југоисточнот плански регион, ќе ги користи бенифитите од изградбата на првото регионално прифатилиште на бездомни кучиња кое се гради во Струмица и е при крај на изградбата, како и изградбата на ист таков објект во Валандово.
Се надевам дека свеста за хумано третирање на животните секојдневно ќе расте и дека таквиот однос кон животните како овој ќе биде последен“-напиша тој на својата ФБ страница..