,,Должност ни е да информираме дека добивме покана за состанок со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, со која ни е понудена соработка, склучување Меморандум за соработка на теми од заеднички интерес, подобрување на условите, кадровско опремување , опремување на стационарот Вардариште. Поканата за состанок ја одбивме поради принципиелни причини, наведени во нашиот одговор кој во продолжение ви го приложуваме во целост“-објави Здружението за заштита на животни, Анима Мунди:

осум години реагиравме и секојдневно реагираме за нехуманиот третман на животните во Вардариште,
нудевме волонтери но не ни беше овозможен влез;
укажуваме сериозни неправилности и поднесувавме бројни пријави во што не поддржаа дури и претставници на ЕП;
– протестиравме гласно затоа што стапката на убивање е неоправдливо висока, а речиси секое мало кутре умира од зарази без да му се укаже нега или помош;
– ја критикувавме со години нзатвореноста и нетранспарентноста на Вардариште како јавна установа, која наместо да промовира хуманост и вдомување е изолирана – отворена за јавност само во работни денови и сабота од 10- 13 часот кога граѓаните се на работа или на училиште;
– во која нашите волонтери и активисти биле и останале непожелни , следени од вработениот персонал небаре станува збор за деликвенти; често пати вербално напаѓани, дискриминирани, оневозможени да извадат маалски миленик и на тој начин го спасат од смрт.

Ја сметаме за задоцнета Вашата покана за состанок .


Оваа наша одлука ја носиме во име на сите оние кои се убиени во стационар Вардариште, безимени животни фрлени во Дрисла кои не добиле никаква шанса да живеат, жртви на една погубна, нехумана, неефикасна и долгогодишна политика, кои со сигурност во некои други услови би биле нечив идеален миленик. Кои туку така нема да ги заборавиме-пишува во дописот на Анима Мунди до градоначалникот Коце Трајановски.